Активирај го светот на забавата!
glhf!
Fortnite V-Bucks
V-Bucks е основната валута во Fortnite кои ги трошите со „купување“ скинови, pickaxes, emotes, wraps, Battle pass и други додатоци во играта.
Погледнете ја понудата
Roblox Gift Cards
Најлесен начин да додадете Robux кредит на вашата Roblox сметка со кој потоа може да купувате додатоци или претплата во играта.
Погледнете ја понудата
PlayStation Store Gift Cards
Изберете некоја од илјадниците игри, додатоци, in-game валути или пак „купете“ PlayStation Plus претлата и искористете ги бројните поволности.
Погледнете ја понудата
LoL Gift Cards
Riot Points e валутата на Riot преку која можете да „купите“ најразлични додатоци во League of Legends, како champions, скинови, Hextech Crafting материјали и друго.
Погледнете ја понудата
Steam Gift Cards
Вредностниот ваучер на Steam го активите на вашиот Steam акаунт преку кој потоа да купувате игри, софтвер и најразлични додатоци на платформата.
Погледнете ја понудата
Minecraft Minecoins
Minecoins е дигиталната валута која се користи во Minecraft преку која купувате скинови, текстури, модови, мапи и други додатоци во играта.
Погледнете ја понудата
Дополнителни информации
А1 Гејминг е платформа за услуги до која може да се пристапи од веб-страницата A1.mk, a која овозможува купување дигитална содржина достапна во рамките на платформата (во натамошниот текст: „Платформа“).
Купувањето на содржината на Платформата е достапно во форма на еднократно купување на содржината. Доколку корисникот сака да ја купи избраната содржина достапна на Платформата, потребно е во даденото поле во Платформата да го внесе својот претплатнички телефонски број од мрежата на А1, на кој преку СМС ќе биде пратен ПИН за активирање на услугата. Корисникот потоа потребно е да го внесе наведениот ПИН во предвиденото поле на Платформата и со тоа да се идентификува како А1 корисник и купувач на содржина. По успешната идентификација, избраната услуга се активира и избраната содржина му се наплаќа на корисникот. По успешното плаќање, корисникот добива СМС-порака со дигиталната содржина, во овој случај кодот што треба да го активира на соодветна интернет локација. Во случај на неуспешно плаќање, корисникот добива известување во рамките на Платформата со инструкции за понатамошните чекори, со цел успешно да го заврши купувањето и да ја активира саканата содржина. Плаќањето на купената содржина се врши со намалување на кредитот што е достапен на припејд сметката на корисникот или со задолжување на постпејд сметката на корисникот за износот на цената на купена содржина. Купувањето е можно за сите А1 постпејд, припејд, MBB и деловни корисници. За да може корисникот да купува содржини достапни во рамките на Платформата, потребно е неговиот број во моментот на купувањето да е активен, да нема активна забрана за користење услуги со додадена вредност или да има доволно кредит (ако е припејд корисник). За пристап до содржината, корисникот може да користи мобилен интернет или WiFi конекција. Доколку мобилниот интернет се користи за пристап и користење на купената дигитална содржина, тој се троши од основната тарифа на корисникот на А1.
Давател на услугите достапни на Платформата е ГГ Шарено ДООЕЛ Скопје. За сите услуги достапни на Платформата, како и за повеќе информации и поддршка во врска со користењето на содржината на Платформата, корисникот може да се обрати на a1@shareno.mk или на страната за Корисничка поддршка.